ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица вчера беше дел од првиот Регионален саем на социјални претпријатија од југоисточниот регион во организација на Центарот за развој на југоисточниот плански регион, заедно со Канцеларијата на регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија од Скопје, а во рамките на проектот „Поддршка социјални претпријатија“ поддржан од ЕУ.
Саемот се одржа во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, а беа презентирани потенцијалите на дваесетина потенцијални социјални претпријатија и невладини организации кои имаат економска социјална активност.
Ова беше одлична можност за презентација на нашите рачни изработки и потенцијали на лицата со интелектуална попреченост, како и одлична можност за вмрежување и споделувања на искуства со други ,,предвесници” на социјалното претприемништво.
Активноста е дел од серијата настани за промоција на правата, слободите и можностите на лицата со попреченост, по повод Меѓународниот ден на лицата за попреченост – 3-ти Декември.