Визија и Мисија
Крајната визија на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица е:
Целосна интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во општеството, нивно потполно прифаќање од страна на лицата без попреченост, пристапност до сите можности во заедницата и учество во културниот, образовниот и воопшто социјалниот живот.
Мисијата на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица е идентична со мисијата на РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје и локалните организации:

- застапување на интересите на лицата со интелектуална попреченост и обезбедување помош во постапката за остварување на законски загарантираните права пред надлежните институции;
- поддршка на процесот на деинституционализација, превенција од институционализација и основање на вонинституционални форми на заштита на лицата со интелектуална попреченост;
- соработка со други организации и здруженија на граѓани заради полесно остварување на зацртаните цели;
- запознавање на локалната заедница со својата дејност;
- поддршка на семејствата кои имаат член со интелектуална попреченост;
- лобирање за унапредување на законските прописи кои се однесуваат на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество.
Основни Принципи
- Почитување на индивидуалните разлики и на посебноста на личноста;
- Прилагодување на методите за работа имајќи ги предвид индивидуалните способности, знаења и искуства;
- Почитување на самоопределувањето и самостојноста, промовирање на самостојноста на лицата со интелектуална попреченост при донесувањето лични одлуки;
- Почитување на правото на сопствено мислење, слободно изразување на мислењето од страна на сите членови (интелектуално попречените и нивните родители);
- Почитување на индивидуалните афинитети на членовите со интелектуална попреченост и правото сами да одберат во кои активности ќе се ангажираат;
- Почитување на приватноста;
- Почитување на културните разлики;
- Недискриминација, промовирање на правото за активно и ефективно вклучување во општествениот живот;
- Заштита на достоинството и интегритетот на лицата со интелектуална попреченост;
- Постојано унапредување на квалитетот на работата со лицата со интелектуална попреченост.

Oсновни Цели

- Презентирање на целите на организацијата пред локалната заедница;
- Привлекување нови членови;
- Поддршка на семејствата кои имаат член со интелектуална попреченост;
- Социјализација на интелектуално попречените членови со лицата без попреченост;
- Воведување нови дидактички средства, методи и техники за работа со интелектуално попречените лица.