ТУКА СМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ!
Преку прошетка во парк се разгледуваше околината и младинците ги запознавме со објекти по кои ќе се ориентираат полесно во оклината.
Водевме разговор за омилена храна; беше изберено местото на посета.
За време на активноста се делеа совети како се јаде, како се однесува во ресторан како се користи приборот за јадење и др.
Некои од младинците прв пат шетаа самостојно придружувани од друго лице што не е член на семејството. Голем чекор на стекнување доверба во друго лице и поголема самостојност!
Одиме полека, но сигурно кон зацврстување на индивидуалната поддршка на лицата со интелектуална попреченост во заедницата.



