За Нас

Ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

Почетна > За Нас
poraka

Што претставува Порака?

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица (ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица) е граѓанска, родителска, невладина и непрофитна организација, која има за цел застапување на интересите и правата на лицата со интелектуална попреченост и чија долгорочна мисија е целосна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во средината на живеење.

ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица е оформена во 1974 година.

Нашите членови

Освен лицата со интелектуална попреченост, активни членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се и родителите и старателите на членовите со попреченост, како и членови на нивните семејства, кои, исто така, се активно вклучени во реализацијата на активностите.

Своите активности ги реализира како една од локалните организации на Републичкиот Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА (РЦПЛИП – ПОРАКА)[1].

[1] РЦПЛИП – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација и е впишан во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика. РЦПЛИП – ПОРАКА е оформен во 1963 година, а во моментот обединува 20 локални организации во земјата.

rabotna aktivnost
racno izraboteni ukrasi

Нашите активности

ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица е единствена невладина организација во општина Струмица и поширокиот струмички регион која ги обединува лицата со интелектуална попреченост и единствена организација во која функционира вонинституционална форма на заштита на тие лица – Социјален Клуб. Заради тоа, секогаш при подготвувањето на годишната програма за работа, активностите се поделени на оние кои се реализираат во Социјалниот Клуб и активности преземени во пошироката средина.

Нашите цели

Во своето дејствување, ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се залага за партнерство и размена на идеи со останатите невладини организации во регионот, како и промовирање на своето функционирање пред локалната заедница.

За лицата со интелектуална попреченост е особено важно да се оспособат за, колку што е можно, посамостоен живот, односно за учење на основни социјални вештини и извршување на секојдневни активности.

nasa cel se nasmevkite
  • 2010

    Креирање на Социјален Клуб за креативна работа и психомоторен развој на лицата со интелектуална попреченост.

  • 2011

    Развој на животни вештини кај лицата со интелектуална попреченсот: снаоѓање во кујна, пазарање на намирници за во домот, управување со пари и сл.

  • 2012

    Запознавање со јавните објекти во градот: Пожарна, Болница, Општина, Пошта, Автобуска станицаи др.

  • 2013

    Во здраво тело здрав дух! Спортки активности, развивање на навики за грижа за здравјето и правилна исхрана, активности во природа и парк, посета на спортски клубови, заеднички спортски натрпевари, пливање, излети и сл.

  • 2014

    Со компјутер до полесно учење - развој на компјутерски вештини: користење на Word, Excel, PowerPoint, отварање на слики и документи, пребарување на Интернет, слушање музика и сл.

  • 2015

    Заеднички работилници со средните училишта, основното музичко училиште, Црвен Крст – Струмица и дурги младински граѓански организации: На час по ликовно, Заедно креираме, Учиме прва помош, Заедно спортуваме....

  • 2016

    Активности со цел приближување на народната традиција до лицата со интелектуална попреченост: работилници за изработка на ракотворби, цртежи и боење на глинени вазни со фолклорни мотиви, запознавање со македонските фолклорни инструменти, песни, народни носии и основните македонски народни обичаи и традиции.

  • 2017

    Учење на основни социјални вештини и извршување на секојдневни активности: подготовка на храна (учење за овошјето и зеленчукот и правилната исхрана), одржување на личната и хигиената во домот, грижа за здравјтето итн.

  • 2018

    совладени техники и методи на изработка на сувенири и украси: изработени над 100 парчиња сувнири: online продажба и продажба на штандови во центарот на Струмица!

  • 2019

    Над 2.000 изработени боенки и над 240 првооделенци вклучени во заедничка работа: подигање на свеста за еднаквост и недискриминација, дел од проектот ,,Моја-твоја-наша боја“ – нашите членови ментори на провооделенците!

  • 2020

    Креирање алатки за информирање за заштита од COVID-19, сезонски грип и грижа за општото здравје, плус работа од дома!

Имате прашања или сугестии?

Контактирајте Не’