ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица изготви инфорграфик со кратки, основни информации од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Соочени со новите глобални предизвици, а кои го вклучија алармот за поголема грижа за општото здравје на населението, грижата за животната средина, а во време кога најмоќен механизам за пренеување на информациите се новите социјални и други електорнски медиуми, а соочени и со ризикот од погрешната, нецелосна и неприспособена информација, целта на оваа активност е да креирамe ифографици кои нудат приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за поголема заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови, грижа за општото здравје, личната хигиена, хигиената во домот, на работа и на јавни места, информации за остварување на права од здравствена и социјална заштита и други права.
Самата изработка на инфорграфиците непсоредно ги вклучи и лицата со попреченост, односно нашите директни корисници, кои преку процес на креативни работилници, покрај креативното изработување на цртежите за инфографиците од нивна страна, преку истиот креативен процес го поминаа и процесот на едукација, односно со креирањето на цртежите и содржините на инфорграфиците, лицата со попреченост во исто време и учеа за заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови, грижа за општото здравје, личната хигиена преку редовно и правилно миење на рацете, дезинфекција на рацете, правилно носење и употебана заштитна опрема (маска, шал, ракавици и сл.), хигиената во домот и дензинфекција, како и на работа и на јавни места, информации за остварување на права од здравствена и социјална заштита и други права
Најважната порака од Конвенцијата: Лицата со попреченост имаат права да бидат вклучени во општеството во секој еден сегмент, како и сите други, без дискриминација!
Инфографикот е изработен во рамки на проектот „Транспарентна ПОРАКА“, финасиски помогнат од РЦПЛИП – ПОРАКА и Општина Струмица преку Програмата G1 од Буџетот на Општина Струмица за 2020 г.
Следете ја нашата ТРАНСПАРЕНТНА ПОРАКА!
#transparency #message #personswithdisabilities #information #rights