ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица од октомври 2020 г. започна со реализација на креативните работилници за креирање инфографици, во рамки на проектот „Транспарентна ПОРАКА“, финасиски помогнат од Општина Струмица, преку Програмата G1 од Буџетот на Општина Струмица за 2020 г.
Најпрвин се погриживме за чистење и дезинфекција на просториите на Социјалниот Клуб, подредување на работните површини со цел остварување на дистанца помеѓу членовите на Клубот и ги преземавме сите потребни активности за континуирано одржување на хигиената во Клубот, согласно Протоколот за работа на дневните центри за деца/лица со попреченост, како и останатите мерки и препораки за заштита од COVID-19.
Првиот пакет активности со кои започнавме е подготовката на инфорграфици со информации од наративен и финансиски годишен извештај за 2019 г. и годишна програма за 2020 г., а во насока да се подобрат практиките за транспарентно известување за програмските активности и реализираните активности и финасиски средства на Организацијата.
Активно започавме и со креативните работилници за креирање инфографици со приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за грижа за општото здравје и остварување на правата на лицата со попрченост.
Следете ја нашата ТРАНСПАРЕНТНА ПОРАКА!