Транспарентна ПОРАКА

Почетна > Проекти > Транспарентна ПОРАКА

Времетраење: 7 месеца – септември 2020 – март 2021

Буџет: 232.260,00 денари : 200.000,оо денари од Општина Струмица и 32.260,оо денари кофинасирање (РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје)

Област: Социјална заштита

Место: општина Струмица

Целна група: Лица со интелектуална попреченост од општина Струмица.

Цели

ОПШТА ЦЕЛ: Зајакнување на организациските капацитети за транспарентно работење и приспособено инфморирање за справување со предизвиците на лицата со попреченост.

КОНКРЕТНА ЦЕЛ: За 7 (седум) месеца развиени се 9 (девет) алатки за траснпарентно, отчетно и приспособено информирање за програмските активности на Органзиацијата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Активности

Централно место во проектот заземаат креативните работилници за креирање инфограмици со приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за грижа за општото здравје и остварување на правата на лицата со попрченост. Соочени со новите глобални предизвици, а кои го вклучија алармот за поголема грижа за општото здравје, а соочени и со ризикот од погрешната, нецелосна и неприспособена информација, целта на оваа активност е да креираме инфограмици кои ќе нудат приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за поголема заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови и грижа за општото здравје.

Исто така, во рамки на проектот ќе се изработи и публикува брошура со наслов: „ПОРАКА во изминатата деценија: постигнати резултати“, а ќе се креираат и нови платформи на социјалните медими (Instagram и Twitter).

Особен акцент ќе се стави на креирање на веб-страна, која ќе има изглед и функционалности кои ќе им помогнат на лицата со попреченост (интелектуална, дислексија, аутизам, глуви, слепи) лесно и едноставно да ги читаат веб содржините, совети за превенција и заштита, информации за остварувања на правата на лицата со попреченост од областа на социјалната заштита и информации и совети за заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови и грижа за општото здравје.

Резултати

  1. Подобрени практики за транспарентно известување за програмските активности и реализираните средства на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.
  2. Поголема препознатливост и видливост на работењето на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица во јавноста.
Зголеми / Намали
Боја на Контраст