
Сеп
Општата цел на проектот е зајакнување на организациските капацитети за транспарентно работење и приспособено инфморирање за справување со предизвиците на лицата со попреченост.
Конкретна цел на проектот е за 7 (седум) месеца да развиеме 9 (девет) алатки за траснпарентно, отчетно и приспособено информирање за програмските активности на Органзиацијата и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.
Првиот пакет активности опфаќа публикување и печатење инфорграфици со информации од наративен и финансиски годишен извештај за 2019 г. и годишна 2020 г., а во насока да се подобрат практиките за транспарентно известување за програмските активности и реализираните активности и финасиски средства на Организацијата.
Централно место во проектот заземаат креативните работилници за креирање инфограмици со приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за грижа за општото здравје и остварување на правата на лицата со попрченост. Соочени со новите глобални предизвици, а кои го вклучија алармот за поголема грижа за општото здравје, а соочени и со ризикот од погрешната, нецелосна и неприспособена информација, целта на оваа активност е да креираме инфограмици кои ќе нудат приспособени и лесно читливи информации, совети и чекори за поголема заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови и грижа за општото здравје.
Исто така, во рамки на проектот ќе се изработи и публикува брошура со наслов: „ПОРАКА во изминатата деценија: постигнати резултати“, а ќе се креираат и нови платформи на социјалните медими (Instagram и Twitter).
Особен акцент ќе се стави на креирање на веб-страна, која ќе има изглед и функционалности кои ќе им помогнат на лицата со попреченост (интелектуална, дислексија, аутизам, глуви, слепи) лесно и едноставно да ги читаат веб содржините, совети за превенција и заштита, информации за остварувања на правата на лицата со попреченост од областа на социјалната заштита и информации и совети за заштита и спрчување на ширење на COVID-19 и други вируси и грипови и грижа за општото здравје.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 232.260,оо денари, од кои 200.000,оо денари се финасиска поддршка од Општина Струмица, а 32.260,оо денари сопствено учество на Организацијата и РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје.
Проектот ќе трае од септември 2020 г. до март 2021 г.
Следете ја нашата ТРАНСПАРЕНТНА ПОРАКА!
