ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица изготви инфорграфици со информации од наративен и финансиски годишен извештај за 2019 и 2020 г., односно што е сработено, а во насока да се подобрат практиките за транспарентно и отчетно известување за програмските активности.
2019 г. ја одбележа нашата изработка на над 2.000 боенки и вклученоста на над 250 првоодделенци во активностите за разбивање на стереотипите за лицата со попреченост!
2020 г., која, во услови на пандемија, ја одбележа значително намалување на бројот на активности во Социјалниот клуб и во заедницата, согласно препораките и мерките за заштита, но со зајакната, надополнета и адаптирана програма, почитувајќи ги препораките за физичка изолација и останување дома, а преку зголемено учество во домашните обврски, следење на едукативни содржини на ТВ и Интернет, работа на стратешко јакнење на организацијата итн.
Активноста е во рамки на проектот „Транспарентна ПОРАКА“, финасиски помогнат од Општина Струмица, преку Програмата G1 од Буџетот на Општина Струмица за 2020 г.
Следете ја нашата ТРАНСПАРЕНТНА ПОРАКА!
Линк до двата инфографика: Инфографици.


