ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица изработи брошура „ПОРАКА во изминатата деценија: постигнати резултати“.
Оваа брошура прави ретроспектива на спроведените активности, постигнатите цели и резултати, предизвиците и тешкотиите со кои се соочила Организацијата.
Брошурата информира за сработеното во временскиот период од 2010 година заклучно со 2020 година.
Од формирањето на Социјалниот клуб во 2010 година, преку проекти за приближување до народната традиција, учење и стекнување здрави животни навики, работа со компјутер, запознавање со институциите во градот, преку заеднички акции со деца, средношколци и студенти, па се до последните активности во време на пандемија, реализиравме 10 проекти.
Преку активностите:
Обезбедивме поддршка за над 80 членови.
14 деца и младинци со интелектуална попреченост се вклучени во активностите на клубот.
Остваруваме над 70 дена и над 210 часа работа во клубот на годишно ниво.
Имаме над 20 средби и состаноци на годишно ниво со родителите и семејствата за подобро разбирање на начините на остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост.
Над 15 активности годишно надвор во заедницата.
Располагаме со над 100 парчиња рачни изработки (украси, накит) на годишно ниво.
*****
Се соочивме со многу предизвици во изминатите години.
Дискриминацијата, предрасудите и стереотипите за лицата со попреченост се најголемите наши пречки со кои се бориме.
Инклузивното образование е сѐ уште на основни, незадоволителни нивоа. Мораме да работиме на тоа.
Работното оспособување и вработувањето на лицата со попреченост се сѐ уште предизвици пред кои сме исправени и за кои треба интензивно да се залагаме.
Со вонинституционалните форми, успеавме да ги оспособиме нашите членови до одреден степен за посамостоен живот.
Новите форми на деинституционализација чекаат на нас!
Успеавме да се избориме да креираме Социјален клуб, каде што заеднички делуваат лицата со попреченост, младинците, средношколците и студентите.
Успевме во долгогодишната борба за отворање Дневен центар во Струмица.
Влеговме во основните училишта и ги поврзавме лицата со попреченост и најмалите – за нас еден од најдобрите начини за учење на принципите на еднаквост и недискриминација!
ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ НАШАТА ПОРАКА!
*****
Брошурата е изработена во рамките на проектот „Транспарентна ПОРАКА“, финансиски помогнат од Општина Струмица.
Информациите во брошурата се претставени на едноставен и сликовит начин, приспособени за општата јавност, а особено тие се лесно читливи и разбирливи за лицата со попреченост.
Линк до брошурата: Брошура.