
Фев
ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица и оваа година ја продолжува традицијата на одбележување на велигденските празници!
За таа цел, организиравме хуманитарен хепенинг по повод одбележување на христијанските празници Лазарова сабота и Велигден, кој се одржа два дена на 31.03.2018 г. (сабота) и на 07.04.2018 г. (сабота), и двата настана со почеток во 11:00 часот во малиот парк на булеварот „Маршал Тито“, Струмица.
На хепенингот беа претставени ракотворби, украси, керамички вазни со велигденски мотиви, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост и нивните родители– членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица. На хепенингот, исто така, членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица бојадисуваа велигденски јајца.
Присутните гости на хепенингот, за симболична сума, можеа да ги купуваат ракотворбите и украсите, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица со потребните дидактички материјали за работа.
Овој настан, како и серијата претходни креативни работилници, се дел од Годишната програма за работа на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица за 2018 г.







