
Фев
Да ги отфрлиме стереотипите, а да ја подигнеме свеста за нашите потенцијали и можности!
Оваа е пораката која ја пренесовме на хуманитарниот хепенинг, кој се одржа на 20.04.2019 г., а по повод одбележување на христијанскиот празник Лазарова сабота и претстојните велигденски празници.
На хепенингот беа претставени ракотворби, украси, велигденски јајца, кошнички за велигденски јајца и други креации со велигденски мотиви, изработени од децата и младинците со интелектуална попреченост и нивните родители – членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица.
На хепенингот, исто така, членовите на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица бојадисуваа велигденски јајца заедно со нивни другарчиња и врсници.
Овој настан, како и серијата претходни креативни работилници, се дел од Годишната програма за работа на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица за 2019 г., финасирана од РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје.
Настанот ќе продолжи и следната сабота, 27.04.2020 г., повторно на исто место, во малото паркче спроти ТЦ Глобал, од 10 до 14 ч.




