Визија

Ја пренесуваме на јавноста пораката од лицата со интелектуална попреченост!

Почетна > Визија

Целосна интеграција и социјализација на лицата со интелектуална попреченост во општеството, нивно потполно прифаќање од страна на лицата без попреченост, пристапност до сите можности во заедницата и учество во културниот, образовниот и воопшто социјалниот живот.

Мисија

Мисијата на ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица е идентична со мисијата на РЦПЛИП – ПОРАКА Скопје и локалните организации:

  • застапување на интересите на лицата со интелектуална попреченост и обезбедување помош во постапката за остварување на законски загарантираните права пред надлежните институции;
  • поддршка на процесот на деинституционализација, превенција од институционализација и основање на вонинституционални форми на заштита на лицата со интелектуална попреченост;
  • соработка со други организации и здруженија на граѓани заради полесно остварување на зацртаните цели;
  • запознавање на локалната заедница со својата дејност;
  • поддршка на семејствата кои имаат член со интелектуална попреченост;
  • лобирање за унапредување на законските прописи кои се однесуваат на еднакво учество и вклучување на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество.

Основни принципи

  • Почитување на индивидуалните разлики и на посебноста на личноста;
  • Прилагодување на методите за работа имајќи ги предвид индивидуалните способности, знаења и искуства;
  • Почитување на самоопределувањето и самостојноста, промовирање на самостојноста на лицата со интелектуална попреченост при донесувањето лични одлуки;
  • Почитување на правото на сопствено мислење, слободно изразување на мислењето од страна на сите членови (интелектуално попречените и нивните родители);
  • Почитување на индивидуалните афинитети на членовите со интелектуална попреченост и правото сами да одберат во кои активности ќе се ангажираат;
  • Почитување на приватноста;
  • Почитување на културните разлики;
  • Недискриминација, промовирање на правото за активно и ефективно вклучување во општествениот живот;
  • Заштита на достоинството и интегритетот на лицата со интелектуална попреченост;
  • Постојано унапредување на квалитетот на работата со лицата со интелектуална попреченост.

Основни цели

  • Презентирање на целите на организацијата пред локалната заедница;
  • Привлекување нови членови;
  • Поддршка на семејствата кои имаат член со интелектуална попреченост;
  • Социјализација на интелектуално попречените членови со лицата без попреченост;
  • Воведување нови дидактички средства, методи и техники за работа со интелектуално попречените лица.
Зголеми / Намали
Боја на Контраст