Compnay History

Money Doesn’t Come Without Guidence ...

Почетна > Compnay History

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица (ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица) е граѓанска, родителска, невладина и непрофитна организација, која има за цел застапување на интересите и правата на лицата со интелектуална попреченост и чија долгорочна мисија е целосна инклузија на лицата со интелектуална попреченост во средината на живеење.

Своите активности ги реализира како една од локалните организации на Републичкиот Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА (РЦПЛИП – ПОРАКА)[1].

[1] РЦПЛИП – ПОРАКА има остварено статус на Национална инвалидска организација и е впишана во Регистарот на здруженија на граѓани од областа на социјална заштита, кој се води при Министерството за труд и социјална политика. РЦПЛИП – ПОРАКА е оформена во 1963 година, а во моментот обединува 20 локални организации во земјата.

ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица е оформена во 1974 година.

Освен лицата со интелектуална попреченост, активни членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се и родителите и старателите на членовите со попреченост, како и членови на нивните семејства, кои, исто така, се активно вклучени во реализацијата на активностите.

ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица е единствена невладина организација во општина Струмица и поширокиот струмички регион која ги обединува лицата со интелектуална попреченост и единствена организација во која функционира вонинституционална форма на заштита на тие лица – Социјален Клуб. Заради тоа, секогаш при подготвувањето на годишната програма за работа, активностите се поделени на оние кои се реализираат во Социјалниот Клуб и активности преземени во пошироката средина.

Во своето дејствување, ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица се залага за партнерство и размена на идеи со останатите невладини организации во регионот, како и промовирање на своето функционирање пред локалната заедница.

За лицата со интелектуална попреченост е особено важно да се оспособат за, колку што е можно, посамостоен живот, односно за учење на основни социјални вештини и извршување на секојдневни активности.

Зголеми / Намали
Боја на Контраст