ПОРАКА Струмица, заедно со Europe House Струмица и средношколци од Струмица, организиравме заедничка новогодишна работилница, на која изработувавме стаклени чаши со цртежи со новогодишни мотиви, како и други новогодишни украси!

Со оваа активност заеднички пренесуваме ПОРАКА дека заедно, сплотени, младите, без разлика на возраста, етничката и националната припадност, полот, попреченоста, образованието и слично, треба да бидеме гласноговорниците за еднаквост, недискриминација, соработка и заедничко претставвуање пред јавноста.

Благодарност до Europe House Strumica за безрезервната поддршка, а си ветивме дека и во иднина ќе соработуваме на уште поголеми заеднички активности!



