ТУКА СМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ!
Воведување на новата програма за психо-социјална поддршка на лицата со интелектуална попреченост во Социјалниот клуб.
Заради определување на обемот и динамиката на активностите, најпрвин се подготви проценка на потребите на корисниците.
Почнавме со неколку состаноци со родителите, со цел стручниот тим да се запознае со темелите на кои ќе се основа психо-социјалната поддршка, водејќи разговор за потребите и поддршка која им е потребна на корисниците.
Следните активности беа насочени кон прибирање на прашалниците од родителите како алатака за креирање на проценката, како и опсервација на корисниците преку меѓусебна дружба и нивни омилени активности, со цел да се направи базична процена на нивните способности и нивната функционалност, како и начинот на општење во својата блиска (позната) и поширока средина-социјалниот живот.
Почетокот на месец септември воглавно беше предвиден за активности со кои најпрвин ќе му овозможат на корисникот на поедноставен начин да го види (илустрирано во етапи), па практично ја примени активноста во реалниот живот, а преку индивидуална поддшка во заедницата: индивидуални и групни активности во Социјалниот клуб; поддршка во комуникација и посредување со лица од интерес на корисникот: пазарење во маркет, посета на ресторан, прошетка во парк и во природа и сл.
Активностите се во рамки на проектот „Пост-КОВИД 19 психо-социјална поддршка за лица со интелектаулна попреченост“, финасиски поддржан од Општина Струмица.