ТУКА СМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ!
Од месец август 2021 г., ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, во партнерство до Здружението за унапредување на родова еднаквост РОДОВА ПЕРСПЕКТИВА Струмица, започнува со имплементација на проектот „Пост-КОВИД 19 психо-социјална поддршка за лица со интелектаулна попреченост“, финасиски поддржан од Општина Струмица.
Преку проектните активности, преку индивдуализиран пристап, ќе се работи на решавање на психо-социјалните потешкотии на младинците, мажи и жени со интелектуална попреченост, и нивните семејства, а низ советување кое ќе се однесува на развојните, емоционалните и културните перспективи.
Целна група се лица, мажи и жени со интелектуална попреченост од општина Струмица. Вкупниот број на директни корисници изнесува 10 младинци со интелектуална порпеченост.
Општа цел на проектот е: Придонес во зајакнување на психо-социјалната поддршка, како сервисна услуга за лицата со попреченост и нивните семејства.
Конкретна цел на проектот е: За 6 месеца 10 младинци, мажи и жени со интелектуална попреченост, се вклучени во новата програма за пост-КОВИД 19 психо-социјалната поддршка.
Времетраењето на на проектот е 6 (шест) месеца.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 257.500,оо денари, од кои 237.500,оо денари се директна поддршка од Општина Струмица преку G1 Програмата од Буџетот.
Следете не’ за повеќе активности на Facebook : https://www.facebook.com/poraka.strumica, Instagram: https://www.instagram.com/poraka_strumica/?hl=en, како и на web страната: https://porakastrumica.mk/.