Организација

Почетна > Организација
organizaciona struktura

Организациона Структура

Собранието е највисок орган на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица. Тоа е составено од претставници на родители на лицата со интелектуална попреченост, стручни лица (педагози, дефектолози и социјални работници), како и ентузијасти. Собранието усвојува годишна програма за работа и финансов план; одлучува за организациските форми на телата на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица; донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Организацијта (одлуки за избор на проектни тимови, одлуки и заклучоци за проектни идеи и идни насоки и планови за дејствување на Организацијата и прибирање финасиски средства од донатори и сл.), како и врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите. Собранието од своите редови избира Претседател на Собранието кој истовремено е и Претседател на Управниот одбор, а тој заедно со секретарот на Управниот одбор го претставува и застапува ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица во правниот промет и пред трети лица.

  • Собрание

  • Управен
    Одбор

  • Одбор за
    Надзор

Собранието од своите редови избира Управен одбор, кој ги подготвува седниците на Собранието; ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието; формира стручна служба кога има оформено социјални сервисни служби за поддршка на лица со интелектуална попреченост, како и врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите. Од редот на членовите на Управниот одбор се избира и Секретар на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, кој учествува во спроведувањето на програмите на Организацијата и ги врши административните, организациските и техничките работи и активности.